На филмскиот фестивал во Кан, поранешната прва дама Карла Бруни и манекенката Бела Хадид привлекле внимание со своите необични модни избори
Филмскиот фестивал во Кан е во полн ек, а ѕвездите сè посилно блескаат на црвениот килим.
Иако кралицата на црвениот килим, Деми Мур, можеби малку претерала со сјајот синоќа во својот барби-фустан, а пред некоја вечер се одлучила за контрастна црвена боја и фустан што ја поделил публиката – додека едни ѝ се воодушевувале, други велат дека изгледала како да облекла гужвана хартија.
Но минатата вечер, Бела Хадид се истакнала со својот моден избор.
Топ-моделката пристигнала на филмскиот фестивал пред неколку дена и одлучила прво да се опушти малку – таа и нејзините пријатели се сончале на јахта и пливале во тиркизните води на Медитеранот. А таа, исончана се појавила на црвениот килим.
Поврзани објави
Бела се појавила на фестивалот во корсет-фустан по мерка на „Прада“. Овој балски фустан таа го искомбинирала со „бомбер“ јакна, што изгледало малку необично, но ефектно. Носела дијаманти „Шопард“, а нејзиниот придружник вечерта бил брат ѝ Анвар Хадид.
Од друга страна, пејачката и поранешна прва дама на Франција, Карла Бруни, ја импресионирала публиката со својот необичен фустан и тешки смарагди.
Како ви се допаѓаат модните изданија на овие дами?
ФОТО: ИНСТАГРАМ