Почетна Убавина и здравјеЗастарениот и здодевен ходник го претворила во највпечатливиот дел во куќата: Еве како го средила!

Застарениот и здодевен ходник го претворила во највпечатливиот дел во куќата: Еве како го средила!

од nenad
1 минути читај за

Првото нешто што го гледате кога ќе влезете, би требало да го отсликува карактерот на целиот дом, а не да биде само неважен премин – еве како да го уредите

Ходниците обично се неутрални, здодевни и воопшто не се вклопуваат во остатокот од ентериерот. Така, оваа жена одлучила да го промени. Се фокусирала на внесување едноставни радости во домот и создавање експресивен, колоритен простор.

Не сакала само да му даде боја и карактер на ходникот, туку и да го направи функционален. Затоа, го редизајнирала просторот под скалите за да има место за складирање, претворајќи го она што било нефункционален простор во нешто многу покорисно за семејниот живот.

Првиот чекор кон трансформацијата на семејниот дом бил редизајнот на скалите и влезот. Пред реновирањето, ходникот изгледа мрачно, изгребано и монотоно, а бидејќи скалите биле првото нешто што се гледа на влезот, сакала инстантно да влијаат врз подигнувањето на расположението, да испраќаат сигнал дека целиот дом има карактер, радост и движење.


Поврзани објави

Наместо да ги замени целите скали, што би можело многу да чини, дизајнирала геометриски скали и ги испечатила на винил со комерцијален квалитет по мерка. Така ходникот сега има и свој идентитет, а не изгледа само како обичен премин.

Потоа, ги бојосала ѕидовите во свежа бела боја, додала смела кралско сина на ѕидот во ходникот и како украс околу предниот кружен прозорец.

Она што некогаш било обично функционално место во домот, сега е простор полн со радост и енергија, благодарение на светлите бои и забавни дезени.

ФОТО: Принтскрин Инстаграм