Почетна Убавина и здравјеКако да го направиш најубавото турско кафе

Како да го направиш најубавото турско кафе

од nenad
1 минути читај за

Турското кафе или како што се почесто го именуваме, македонско, е кофеински пијалак со кој на многумина им започнува денот.

Кафето оригинално се готви во бакарно ѓезве, а млеко или крем, никогаш не се додаваат во вистинското турско кафе. Шеќер се додава по желба.

Посебноста во приготвувањето е што шеќерот и кафето се ставаат во ѓезве и се оставаат да се растопат заедно на рингла. Потоа се додава водата и се чека кафето да зоврие, па се става во шолја.

Турското кафе секогаш се служи со пена на врвот.

Најдобро е кога зрната кафе се добро и ситно сомелени.

Во некои турски (арапски) региони, нечие богатство се покажува така што се ставаат неколку зрна кафе на тацната покрај шолјата.