Почетна Убавина и здравјеДесертот што го полуде интернетот: Ви требаат само 2 состојки, а изгледа како од слаткарница (ВИДЕО)

Десертот што го полуде интернетот: Ви требаат само 2 состојки, а изгледа како од слаткарница (ВИДЕО)

од nenad
1 минути читај за



Од пролетните и летните десерти очекуваме да бидат лесни, кремасти и убаво разладени, без да бараат многу време за приготвување. Токму таков е чоколадниот мус – едноставен, а истовремено неодоливо вкусен десерт што лесно ќе стане ваш омилен избор.

Бидејќи се приготвува брзо и со само неколку состојки, овој десерт сигурно ќе биде еден од оние рецепти на кои постојано ќе им се навраќате. А доколку сакате поинтензивен вкус и подлабока чоколадна нота, слободно додајте повеќе чоколадо – резултатот ќе биде уште побогат и повкусен.

Состојки:

🔹 1/2 шолја слатка павлака
🔹 1/4 шолја искршено темно чоколадо

Приготвување:

Темното чоколадо растопете го на пареа, внимателно за да ги задржи полниот вкус и кремастата текстура.


Поврзани објави

Во посебен сад изматете ја слатката павлака додека добиете цврст шлаг. Потоа додајте го растопеното чоколадо во шлагот и нежно матете додека смесата целосно се соедини во мазен и кремаст мус.

Приготвениот мус сипете го во чаши за сервирање, најдобро со помош на шприц за декорација, така што кремот ќе го нанесувате кружно и ќе формирате форма налик на цвет.

По желба, декорирајте со какао, чоколадни или шарени трошки, рендано чоколадо или свежи јагоди.

Оставете го десертот во фрижидер добро да се излади и да се стегне, а потоа послужете го со кафе или како лесен и освежителен крај на оброкот.

Видео: Јутјуб