Почетна Убавина и здравјеЦеца Ражнатовиќ жестоко возвраќа на критиките: „Од идиот до идиот!“ Вакво нешто не се гледа секој ден (ФОТО)

Цеца Ражнатовиќ жестоко возвраќа на критиките: „Од идиот до идиот!“ Вакво нешто не се гледа секој ден (ФОТО)

од nenad
1 минути читај за



Фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ деновиве е една од најкоментираните личности на социјалната мрежа Икс, каде отворено влегува во расправии со корисници кои ја критикуваат неа и нејзиното семејство. Нејзините остри одговори предизвикаа вистинска бура од реакции и поделени мислења во јавноста.

Пејачката, која со години важеше за некој што ретко реагира јавно на провокации, овојпат решила лично да им одговори на критичарите. Дел од корисниците сметаат дека нејзиниот начин на комуникација е премногу остар, додека други ја поддржуваат затоа што, како што велат, конечно решила да не молчи.

Најголемо внимание привлекоа коментарите поврзани со нејзиниот син Вељко Ражнатовиќ, особено поради навредливите пораки за неговите тетоважи и изглед. Цеца на тоа возврати без задршка, порачувајќи им на хејтерите дека лесно навредуваат кога се кријат зад профили на интернет.


Поврзани објави

printskrin X

Иако не дала официјално објаснување за своите објави и реакции, нејзините коментари масовно се споделуваат на социјалните мрежи. Дел од јавноста смета дека ова е ново лице на Цеца, додека други веруваат дека само ги брани своите најблиски од навреди и провокации.

printskrin youtube -blic ceca 3