Почетна ЕкономијаМуцунски од Париз: Активна поддршка за пласман на македонското вино на европските и светските пазари

Муцунски од Париз: Активна поддршка за пласман на македонското вино на европските и светските пазари

од nenad
1 минути читај за

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, заедно со министерот за култура и туризам Зоран Љутков и градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, вчера во Париз учествуваше на средба посветена на промоцијата на македонските вина на меѓународната сцена. На настанот присуствуваа македонскиот амбасадор во Франција, Игор Николов, како и претставници на домашното винарство.

Според информациите од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРНТ), собирот беше одржан во склоп на работната посета на Париз, со финансиска помош од МНРНТ. Активноста беше дел од напорите за зајакнување на економската дипломатија и проширување на извозниот потенцијал на земјава.

“Пред бројни гости од дипломатскиот кор, културниот и јавниот живот, политиката и француската винска индустрија, беше истакнат квалитетот, традицијата и конкурентноста на македонските вина на европските и светските пазари”, се наведува во официјалното соопштение.

Министерот Муцунски подвлече дека македонското вино е еден од најистакнатите извозни артикли на државата и важен дел од економските врски. Тој посочи дека Министерството ќе продолжи да нуди активна и стратешка поддршка на домашните производители, со цел понатамошно зацврстување на нивната меѓународна позиција и отворање нови можности за пласирање на нивните производи.

дма/Фото: МНРиНТ .
Извор: МИА