Ракометарот Дејан Манасков (33) стапи во брак со својата партнерка Билјана Стојановска на 31 јануари.
Манасков, кој е син на ракометната легенда Пепи Манасков, настапува за македонската ракометна репрезентација и за РК Еурофарм Пелистер.
Неговата сопруга, Билјана, е вработена во маркетинг секторот во Канал 5 телевизија, а парот е во врска неколку години
За свадбениот ден, таа избра венчаница од дизајнерот Игор Марков. Првите фотографии од прославата ги објави Тамара Тодевска. Манасков е кум на нејзините деца Дарен и Хана кои исто така заедно со Тамара присуствуваа на венчавката.
Поврзани објави
Kумашинката се фати и за микрофонот па ја вжешти атмосферата и присутните гости ги крена на нозе.
Невестата е во деветиот месец од бременоста и како што зборуваат нивните најблиски – младите ги очекува најубавиот период во животот.
Фото: Инстаграм Принтскрин https://www.instagram.com/tamaratodevska/?hl=en