Спој на елеганција и удобност – така најдобро може да се опише трендот што ќе доминира оваа пролет
Во 2026 година на пистите владеат стилови што ги спојуваат елеганцијата и удобноста. Особено нè радува фактот што оваа пролет ќе можеме да носиме убави обувки, без да мора да трпиме нешто да нè стега.
Сигурно веќе сте забележале дека трендовите од 1990-те се враќаат на модната сцена кога станува збор за гардеробата, а истото важи и за обувките.
За да ја пречекате пролетта подготвени, почнете да барате токму ваков модел на обувки…
Мокасини со потпетица во впечатливи бои
Поврзани објави
Мокасините со платформа станаа еден од најинтересните трендови сезонава. Со оглед на нивниот минималистички карактер, лесно се вклопуваат во речиси сите стилови. Иако имаат висока потпетица, благодарение на платформата, многу се удобни за носење и пешачење, па лесно можете да ги носите и додека ги извршувате секојдневните активности.
Двобојни салонки
Инспирирани од легендарните верзии што ги носеа супермоделките како Линда Евангелиста, овие салонки комбинираат контрастни тонови со остри линии и суптилни модерни детали.
ФОТО: Пинтерест