Почетна ЕкономијаВоен самит за безбедноста на западната хемисфера најавија САД

Воен самит за безбедноста на западната хемисфера најавија САД

од nenad
1 минути читај за

Фото: https://pixabay.com/photos/grenade-launcher-army-2540212/

24/01/2026 9:04
ВЕСТИ, СВЕТ

Високи воени функционери од 34 држави ќе одржат состанок во текот на февруари за да дискутираат за споделените безбедносни потреби на западниот дел од Хемисферата, објавија вооружените сили на САД.

„Државите од западниот дел на Хемисферата ги поврзуваат многу стари врски, заеднички принципи и аспирација за мир во регионот, што придонесува за долгорочната сигурност и благосостојба на САД и нашите заеднички соседи“, стои во писменото обраќање на американската армија.

Организатор на овој прв собир на највисоките воени претставници од 34 земји од западниот дел на Хемисферата, закажан за 11 февруари, ќе биде шефот на Генералштабот на американската армија, Ден Кејн.