Од мотор до болница, одмор што нема да го заборави
Композиторот и продуцент Александар Милиќ Мили доживеал сообраќајна незгода за време на престојот во Тајланд, а деталите од драматичното искуство ги сподели со своите следбеници на социјалните мрежи. Како што напиша, станува збор за одмор кој сигурно ќе го памети долго, но не по мир и релаксација.
Мили откри дека несреќата се случила додека возел мотор, кога паркиран камион на свиок почнал да се движи наназад. Тој излетал неколку метри и удрил во ограда, но, како што вели, имал среќа во несреќата. Завршил со скршено ребро, истегнат колк и бројни повреди по телото, но без потешки последици.
Поврзани објави
Иако повреден, успеал да ја дочека Новата година во добро расположение, но малерите не завршиле тука. За време на експедиција со џет-ски до напуштени острови во архипелагот на Пукет, нешто го каснало за ногата или, како што претпоставува, тропска бактерија му го инфицирала зглобот, по што завршил во болница.
Композиторот поминал 12 дена на болничко лекување, примајќи силна терапија, но и покрај сè, не го изгубил хуморот. Низ шега порача дека „оваа младост го убива“, а по враќањето заклучил дека, и покрај сè, тоа бил фантастичен одмор, наздравувајќи во свој стил на животот.
printskrin youtube – k1 tv – mili