94
Наполи и сегашниот шампион Реал Мадрид се последните два четврт-финалисти во Лигата на шампионите, комплетирајќи ја големата „осумка“ покрај Милан, Интер, Манчестер сити, Челси, Баерн Минхен и Бенфика во европската елита.
Во Неапол, мечот на „Диего Армандо Марадона“ имаше „увертира“ со беснеењето на германските навивачи на улиците на градот и судирите со полицијата, но на теренот, имаше само еден доминантен тим. Наполи дојде во водство во финишот на првото полувреме, кога Виктор Осимен имаше одличен удар со глава, за во 53. минута, Нигериецот да стрела уште еднаш за 2:0.