На големата новогодишна прослава во Сава центарот на Саемот во Белград, познатата пејачка Александра Младеновиќ доживеа малер што веднаш привлече внимание.
Додека настапуваше пред возбудената публика во новогодишната ноќ, фустанот од црвена тантела ѝ пукна токму на незгодното место, а моментот го забележаа сите присутни.
Младеновиќ, која носеше впечатлива црвена комбинација што ја истакна нејзината фигура, не забележа веднаш дека ѝ се рашила облеката. Кога се сврте со грбот кон публиката, следеше вистински шок и врева.
Поврзани објави
По настапот, пејачката се насмеа на својот кикс и откри дека не носела резервна облека и не очекувала ваков пресврт на сцената. Таа дури призна дека не носела долна облека, што дополнително ја комплицирало ситуацијата.
Во интервју за медиумите, Александра објасни дека овој „моден кикс“ не бил во нејзин план и дека не размислувала дека фустанот може да ја „издаде“ токму среде настапот.
Настанот брзо се прошири на социјалните мрежи, каде што видеото од незгодата и реакциите на публиката станаа вирални, предизвикувајќи лавина коментари и реакции кај фановите и пошироката јавност.
Фото: Printscreen