Фотографии на социјалните мрежи открија дека Хана Икодиновиќ ужива во романса со Андрија, син на Велибор Поповиќ Поп
Хана Икодиновиќ, ќерката на српската пејачка Наташа Беквалац, е во љубовна врска со Андрија, синот на познатиот естраден менаџер Велибор Поповиќ Поп, откриваат фотографии кои се појавија на социјалните мрежи.
Хана, која моментално студира во Мадрид, досега успешно го криеше својот приватен живот од јавноста. Сепак, на TikTok беа објавени две фотографии на кои се гледа како разменува нежности со Андрија, што веднаш го привлече вниманието на јавноста.
На првата фотографија, Андрија, кој на почетокот од годината наполни 18 години, ја држи Хана околу половината, додека на втората таа е свртена кон него и го бакнува. Овие моменти беа доволни за да се потврдат гласините за нивната врска.
По објавувањето на фотографиите, следуваа бројни позитивни реакции и коментари на социјалните мрежи.
„Хана е иста мајка ѝ“, „Баш се убав пар“, „Неочекуван спој“, беа дел од пораките со кои корисниците им дадоа поддршка.
Instagram printscreen/hanaaikodinovicc