80
Кинеското Министерство за одбрана соопшти дека Русија, Кина и Иран ќе изведуваат заеднички поморски вежби во Оманскиот залив од 15 до 19 март. Согласно договорите меѓу вооружените сили на овие земји, поморските сили на Кина, Иран, Русија и други земји ќе учествуваат во вежбите „Поморски безбедносен појас-2023“ кои ќе се одржат во наведените датуми. Исто така, на крајот на февруари во Индискиот Океан се изведуваа заеднички поморски маневри на Русија, Кина и Јужна Африка.
