Почетна ЕкономијаАл Енани, нов генерален директор на УНЕСКО

Ал Енани, нов генерален директор на УНЕСКО

од nenad
1 минути читај за

Халед ал Енани, некогашен министер за туризам и старини на Египет, е назначен за нов генерален директор на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО).

54-годишниот Ал Енани го совлада својот противкандидат Едуардо Фирмин Матоко (69) од Конго, на прикриено гласање, добивајќи 55 гласови од вкупно 58 членови на извршниот совет на УНЕСКО.

Матоко доби само два гласа, додека Соединетите Американски Држави беа воздржани. Одобрувањето на изборот на Ал Енани, на 6-ти ноември, допрва треба да биде ратификувано од страна на членовите на УНЕСКО.

Тој ќе ја наследи Одри Азуле од Франција, која за време на нејзиниот мандат работеше на проширување на изворите на финансирање.

УНЕСКО сѐ уште е во голема мера зависен од финансиските средства од САД, кои сочинуваат околу осум проценти од целокупниот буџет на Агенцијата.

Со претстојното повлекување на САД од УНЕСКО, кое треба да биде официјализирано до крајот на 2026 година, тој финансиски придонес ќе биде редуциран.
“ми/фото: МИА архива”
Извор: МИА