97
„Хибридните напади имаат за цел да предизвикаат паѓање на владите, најчесто на западно ориентираните“, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.
Според неа, јасно е дека напаѓачот не сака стабилен и мирен Балкан.
„Целта на хибридните војни или кибер напади е практично да се пореметат општественото живеење што се забележува кога има зачестени напади. Кога општеството е задоволно со еден аспект, тоа се надополнува со незадоволство на друга сфера. Целта е да се предизвика паѓање на владите, најчесто на западно ориентираните“, истакна Петровска.
