„И во оваа кампања сме заедно со Социјалистичката партија на Македонија, нашиот традиционален поддржувач. Во идниот состав на Советот на Општина Битола очекуваме мнозинство и на тој начин непречено реализирање на нашата заедничка програма“, посочи Коњановски.
Носителот на листата, Филип Поповски, нагласи дека кадровската и програмската понуда на коалицијата се гаранција за квалитетен состав на Советот. Тој додаде дека програмските цели ќе се остваруваат заеднички, вклучувајќи ги и членовите и симпатизерите на СПМ, со посебен акцент на кандидатката Кети Јосифовска, која се очекува да биде глас на народот и да се залага за проекти за подобар живот во Битола.
За јавната поддршка за кандидатот и советничката листа, на прес-конференцијата зборуваа и Александар Вангеловски, претседател на огранокот на СПМ, и Кети Јосифовска.
Извор : vesnik-ilinden.com
Коњановски очекува силно мнозинство во Советот на Општина Битола