Почетна ЕкономијаВадефул: Ѕемјите членки на НАТО не можат сами да се справат со хибридните напади

Вадефул: Ѕемјите членки на НАТО не можат сами да се справат со хибридните напади

од nenad
1 минути читај за

Министерот за надворешни работи на Германија, Јохан Вадефул, денес соопшти дека ниту една земја-членка на НАТО нема да биде напуштена во случај на, како што тој го нарече, руска провокација во облик на серија хибридни напади.

“Русија сака да ја тестира нашата решителност и да предизвика немири. Ова е опасно и мора да се одговори јасно и единствено”, изјави Вадефул на прес-конференција во Варшава, каде што се обрати заедно со неговите полски и француски колеги, Радослав Сикорски и Жан-Ноел Баро, пренесуваат британските медиуми.

Тој додаде дека НАТО ќе го заштити секој сантиметар од територијата на нивниот сојуз, посочувајќи дека ниту една земја-членка нема да биде оставена сама да се справува со овие закани. “НАТО ќе го заштити секој сантиметар од територијата на нашиот сојуз, ниту една земја-членка нема да биде оставена сама да се справи со овие закани”, рече тој.

Во текот на овој месец, Алијансата ја започна мисијата Источна гарда со цел да ја зацврсти одбраната на источното крило на Европа, како реакција на навлегувањата на руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор.

Минатата недела, во Данска, неколку беспилотни летала паднаа во близина на аеродромот и важна инфраструктура во Копенхаген, што доведе до затворање на најпрометниот аеродром во нордискиот регион за неколку часа.

Русија ги отфрла обвинувањата дека нејзини беспилотни летала и борбени авиони го имаат нарушено воздушниот простор на земјите од НАТО.