Иако пејачот тврдеше дека не бил под дејство на алкохол, неофицијалните информации говорат поинаку.
Како што дознава српскиот „Информер“, пејачот Дарко Лазиќ имал 1,93 промила алкохол во крвта во моментот на сообраќајната несреќа што ја предизвика на автопатот во близина на Белград.
Несреќата се случила по полноќ, кај исклучувањето за „Београдска арена“, кога неговиот автомобил удрил во автобус во кој немало патници.
Поврзани објави
Во удирањето, повредени беа само пејачот и неговата сопруга Катарина. Лазиќ доби расекотина на главата која морала да се зашие со 15 конци, додека Катарина помина само со полесни огреботини.
Двајцата беа прегледите по интервенцијата и беа пуштени на домашно лекување.
printskrin youtube – lazic – blic