Нашето заедничко повикување е да се обединиме околу националните и европските идеали на Али Ахмети, изјави на митингот на неговата партија во Чаир министерот и член на ДУИ, Артан Груби.
Според неговите зборови, “нема веќе војни и нема да има потреба од маченици бидејќи тие си завршија работата во 2001 и 1998 година”.
-Ветеранот со сопствената битка во ОВК, сега треба да продолжи патот што го трасираа со најскапо – со крв и живот. Наша должност е да го направиме тој сојуз, да се обединиме со Приштина, да ја обединиме Тирана, да ги отстраниме границите меѓу нас, да ги асфалтираме автопатите и да го подобриме животот за сите, изјави Груби на митингот на неговата партија пред присутните.
