Португалија ќе ја признае палестинската држава в недела, во пресрет на седницата на Генералното собрание на ОН во Њујорк идната недела, информираше Министерството за надворешни работи во Лисабон, пренесе ДПА.
Други држави, меѓу кои и Франција, Белгија и Канада, исто така планираат да ја признаат Палестина во ОН следната седмица.
Иако речиси 150 од 193-те земји-членки на ОН веќе ја имаат признаено палестинската држава, поддршката од значајните светски сили е особено клучна од палестинско гледиште.
Голем број земји од ЕУ, особено во Источна и Југоисточна Европа, ја признаваат Палестина одамна. Унгарија, која одржува блиски односи со Израел, го стори тоа во 1988 година.
Во светло на војната во Газа меѓу Израел и исламистичката палестинска група Хамас, земјите од ЕУ – Шпанија, Ирска и Словенија ја признаа палестинската држава минатата година.
Кон крајот на август, германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Германија нема да им се приклучи на другите држави во признавањето на Палестина како држава на Генералното собрание на ОН.