Исповед на една мајка, чии деца ја заборавиле и не и посветуваат внимание, го потресе регионот.
Стареењето е природен дел од животниот циклус, но тоа не значи дека стареењето на нашите родители и другите членови на семејството не ни паѓа тешко. Зрелите години носат немоќ, со која тие тешко се помируваат, а улогите полека се менуваат, па ние ја преземаме грижата за нив, но понекогаш се случува децата да ги занемарат и заборават своите родители.
Кај постарите луѓе изолацијата може да доведе до депресија и повлекување во себе, а истражувањата покажале дека и најскромниот знак на внимание може да го намали нивното чувство на немоќ и да им го подобри психичкото и физичкото здравје.
Тажно е кога која било мајка на светот ќе се почувствува осамена, заборавена и занемарена од страна на своите деца. Таква е оваа потресна исповед на една мајка, што ги споделуваме со вас:
„Имам 65 години и живеам сама. Моите две деца, синот и ќерката имаат свои животи далеку одовде, имаат свои деца и свои проблеми. Не се јавуваат, чекам тие да се сетат на мене, а тоа многу ретко се случува. Оваа година заборавија и да ми го честитаат роденденот. Нема врска, не им замерувам. Знам како им е, и јас бев исфрустрирана на нивни години. Премногу се измачував себеси грижејќи се околу тоа како да ги воспитам и да им овозможам се што им е потребно. Драго ми е што успевав да ги школувам и да направам добри луѓе од нив, но жал ми е што се нервирав толку за сè. Зошто?“
Поврзани објави
„За да бидам сега сама и да седам цел ден во четири ѕида, чекајќи да ми ѕвони телефонот и некој да ми каже ‘среќен роденден’ и да се чувствувам толку шугаво и напуштено како куче? Нека… Фала ви. Можам сè сама. Секогаш ќе ја најдам некаква забава и ќе размислувам позитивно.“
„А вас нека ви е Бог на помош. Се молам животот да не ви ја сервира судбината што мене ме снајде. Се молам да не ви заборават децата, дури и ако секогаш сте биле тука за нив и сте им помогнале сè што сте можеле, како вие што ме заборавивте мене. Нека… Но додека сум жива, ќе бидам тука за вас, без оглед на сè.“