⚠️ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Овој текст содржи потресни детали.
Драгана Круниќ, по цели 30 години молк, првпат проговори за ужасното злосторство што го доживеала како дете, а потоа и за трагедијата што ја следела низ зрелоста.
Сè почнало во 1992 година, кога имала само 7 години и штотуку тргнала во прво одделение. Тогаш ја киднапирал таткото на нејзината соученичка. Со измама ја намамил да влезе во автомобилот, а потоа ја одвел во куќа со заѕидани прозорци и решетки – претворена во вистинска зандана.
Се разбудив гола, во соба со кревет и празна кофа. Следните 12 дена ме тепаше, силуваше и ми се иживуваше врз телото. Тој човек беше алкохоличар, кој намерно ја изнајмил куќата за ова злосторство,“ раскажува Драгана.
На крај, успеала да избега кога киднаперот, пијан, заборавил да ги заклучи вратите. Полумртва од страв и болка, ја забележал таксист кој ѝ помогнал. Кога стигнала дома, мајка ѝ се онесвестила од шок.
Иако насилникот бил уапсен, судот му изрекол казна од само 7 години затвор – од кои одлежал едвај 3. Драгана сведочи дека со години потоа ѝ се заканувал и ја малтретирал, дури и откако нејзиното семејство се преселило.
Но нејзината голгота не завршила тогаш. Во јули 2024 година, нејзиниот поранешен партнер – исто така алкохоличар и со забрана за приближување – ја нападнал во сопствениот дом.
Поврзани објави
Отворив врата и тој ми го распори стомакот со нож. Се погледнав и видов ужас – цревата ми беа надвор. Со пешкир ги вратив назад во телото за да преживеам,“ раскажува Драгана.
И покрај сите страдања, денес таа храбро сведочи за својата болка со една единствена цел – да ја спаси барем една жена од слична судбина.
Ако мојата приказна ѝ помогне само на една жена – тоа ќе ми ја олесни тагата,“ завршува Драгана.
Видео: Youtube