Почетна Убавина и здравјене го препозна патлиџанот, а Дејвид стана вистинска ѕвезда на градината! – Убавина и здравје

не го препозна патлиџанот, а Дејвид стана вистинска ѕвезда на градината! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Дејвид Бекам повторно покажа дека има талент за сè – од фудбалскиот терен, преку кујната, па сè до градинарството.

Славниот фудбалер Дејвид Бекам гордо позираше на својот имот пред богатата берба на сливи, а неговата сопруга Викторија го снимаше, не криејќи го воодушевувањето.

Ги надмина сите очекувања,“ се слуша нејзиниот глас, додека камерата го следи Дејвид како бере и пробува зрело овошје.

По сливите, на ред дошол и доматот, но вистинска комедија настанала кога Бекам набрал голем модар патлиџан.

„Што е ова?“, зачудено прашала Викторија.

„Тоа е виолетова круша, драга!“ – одговорил низ смеа Дејвид, па признал дека се шегува: „Ова е модар патлиџан.“


Поврзани објави

Фановите веднаш се пошегуваа на социјалните мрежи:

„Виолетова круша! Сигурно е нов тренд од високата мода,“

„Колку само таленти има овој човек,“

„Прашај ја Викторија дали ќе ти замеси пита од сливи.“

Бекам неодамна се пофали и со својот домашен џем од сливи, на кој му даде симпатично име – „Дејвид Бекџем“. На стаклените тегли залепи специјални етикети со овој потпис, па многумина се согласија дека би можел да лансира цела линија на производи.

Видео: Инстаграм