Фотографијата од плажа стана вистински хит.
Ќерката на легендарниот пејач Здравко Чолиќ, Уна Чолиќ, повторно успеа да го привлече вниманието на јавноста. Таа на социјалните мрежи објави фотографија од плажа, која за кратко време предизвика голем број реакции. Главниот фокус беа нејзините природни атрибути што веднаш ги разгореа коментарите.
Познато е дека Уна Чолиќ често споделува провокативни фотографии, а овојпат не направи исклучок. Таа уживаше на сонцето и во еден момент одлучи да направи селфи со предната камера. Лежеше на стомак на плажата, а крупниот кадар ги истакна нејзините природно големи гради.
Поврзани објави
Иако провокативниот момент веднаш го привлече вниманието, фановите забележаа и нешто друго. Уна позираше без грам шминка и без употреба на филтри, што ја направи фотографијата уште поавтентична и природна. Со тоа таа докажа дека и без маскирање изгледа впечатливо.
Фотографијата брзо стана хит на социјалните мрежи, а коментарите не престануваат. Дел од следбениците ја пофалија нејзината природна убавина, други нејзината смелост, а трети едноставно заклучија дека Уна е вистинска наследничка на својот татко кога станува збор за харизмата и вниманието што го привлекува.
printskrin Youtube – blic colic