После долги шпекулации за наводна кавга во семејството, пејачката покажа дека хармонијата со брат ѝ сè уште постои.
На социјалните мрежи Тања Савиќ објави нова фотографија и конечно покажа во какви односи е со својот брат Немања Савиќ. Со оваа објава таа стави точка на бројните шпекулации кои кружеа во јавноста за наводни несогласувања во семејството. Фотографијата привлече големо внимание, а коментарите од нејзините следбеници беа повеќето позитивни.
Кога Немања Савиќ се ожени со својата избраничка Сара, пејачката не се појави на свадбата. Тоа предизвика лавина од гласини дека односите во семејството се сериозно нарушени. Долго време Тања Савиќ молчеше за целата ситуација, што дополнително ги поттикнуваше сомнежите во јавноста.
Сега, пак, пејачката реши да покаже сосема поинаква слика. Таа излезе на вечера со братот, снаата Сара и уште еден близок роднина. Поводот, според песната „Birthday girl“ која ја сподели, бил роденденот на снаата. Веселата дружина уживаше во храна, пијалок и смеење, а јасно е дека меѓу нив нема никакви тензии.
Поврзани објави
Сепак, останува фактот дека Тања Савиќ веќе подолго време нема контакт со својата сестра Билја, која дури ја отстрани и од социјалните мрежи. Се зборуваше дека и со братот не е во најдобри односи, но најновата објава го потврди спротивното. Семејната блискост е тука, а јавноста доби одговор на прашањето што долго ја интригираше.
printskrin Youtube – AmiG Show tanja savic