Делегацијата на Владата на Република Северна Македонија, предводена од заменик-претседателот одговорен за економски прашања, координација на економските ресурси и инвестиции, Фатмир Битиќи, заедно со министерката за одбрана, Славјанка Петровска, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, присуствуваше на одбележување на 80-годишнината од Холокаустот на македонските Евреи: „Никогаш повеќе!“. Овој настан е организиран од Еврејската заедница на Република Северна Македонија и Фондот на Холокаустот на Македонските Евреи, под покровителство на Владата на Република Северна Македонија. Вицепремиерот Битиќи раскажа дека 7144 Евреи, од ова место, пред 80 години, се уништени. Тие се постојано со нас, и нивната светлина нè покажува патот за да ја запазиме човечноста, демократијата и прифаќањето. Тие не се бројки, тие се светлина која ни го покажува патот.
Во чест на жртвите од депортацијата на македонските Евреи во логорот Треблинка, Мицкоски стави свежо цвеќе.
81