Почетна Убавина и здравје„Само да не се убијат еден со друг“ – Сашка Каран загрижена за односот на Ана Николиќ и Рале

„Само да не се убијат еден со друг“ – Сашка Каран загрижена за односот на Ана Николиќ и Рале

од nenad
1 минути читај за



Пејачката призна дека нивната љубов е жестока, но предупреди на можна трагедија

Скандалот меѓу пејачката Ана Николиќ и композиторот Горан Ратковиќ Рале и натаму ја тресе јавноста. По нивната жестока расправија што прерасна во физички судир, Ана мораше да побара лекарска помош, а случајот заврши и во полиција. Додека јавноста бурно реагира, свој став даде и нивната колешка Сашка Каран.

Рале го познавам како коректен и симпатичен момак, на свој начин малку луд. Од друга страна, Ана е млада, убава и исто така малку чуднa. Изненадeна бев кога го видов нејзиното видео,“ изјави Каран.

Таа смета дека во нивната врска има силна страст која може да биде двосмислена.


Поврзани објави

Тоа е љубов што се живее на еден ненормален начин. Јас сум апсолутно против насилство – било врз жена, било врз маж. Но тука гледам една жестока, страстна љубов. Само да не изгори во неа, само да не се убијат еден со друг,“ предупреди пејачката.

Ана веќе ја раскажа својата верзија на приказната, објаснувајќи дека конфликтот започнал во автомобилот, а потоа ескалирал во нивната куќа на Авала каде што живеат заедно. И додека нејзината исповед наиде на поддршка кај дел од јавноста, Сашка јавно порача:

Ана има моја целосна поддршка“.

printskrin Youtube – Ana Nikolić