Пејачката со ново видео го „засече“ поранешниот партнер и ја разоткри својата страна на приказната
Српската пејачка Ана Николиќ повторно е во центарот на вниманието по жестоката расправија со својот поранешен вереник, композиторот Горан Ратковиќ Рале. Откако тој изнесе своја страна на приказната за инцидентот што се случил во неговата куќа на Авала, пејачката преку социјалните мрежи одговори со брутални зборови.
Пред само неколку дена, Николиќ пријавила семејно насилство и завршила во Итна помош, а потоа случајот го предала и во полиција. На Рале му била изречена мерка забрана за приближување во траење од 48 часа. Меѓутоа, откако тој јавно проговори, Ана реши повторно да му врати и тоа со видео објава која за миг ја запали јавноста.
Срамото за машкиот род! Ако почнам сè од почеток да зборувам, нема добро да завршиш“, порача пејачката.
Таа го нарече поранешниот партнер со навреди, тврдејќи дека со години ја изневерувал и лажел. Николиќ додаде дека повеќе не дозволува некој да ја манипулира, ниту да ѝ врши притисок преку нејзиното дете.
Поврзани објави
Во својот изблик на лутина, Ана отиде чекор подалеку и го спомена и покојниот татко на Рале, додавајќи дека таа со месеци се грижела за него и за семејството, а денес е обвинета и исмејувана.
Јас сум ти верувала, по болници сум одела со тебе и со твојот татко. И уште имаш храброст да лажеш,“ заврши пејачката.
Судејќи според реакциите, јавноста е длабоко поделена околу овој скандал кој засега нема крај.
printskrin Youtube – blic tv nikolic