Почетна Убавина и здравјеМесото превкусно, а компирот се топи в уста! – Убавина и здравје

Месото превкусно, а компирот се топи в уста! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Традиционалната балканска мусака со месо и компир е совршено јадење за целото семејство

Муската е едно од омилените и највкусните јадења од балканската кујна, кое лесно се приготвува и секогаш добро заситува.

Состојки:
  • 600 г мешано мелено месо
  • 1 кг компир
  • 1 поголема главица кромид
  • 2-3 чешниња лук
  • 2 лажици масло
  • 1 лажиче црвен пипер
  • 1 лажиче мешан зачин
  • 1 лажиче сол
  • 1/2 лажиче бибер
  • 200 мл млеко
  • 2 јајца
  • 50 г брашно
  • 50 г путер
  • малку сечкан магдонос
Приготвување:

Излупете го компирот и исечкајте го на тенки кругови. Посолете го малку и тргнете го на страна.


Поврзани објави

Ситно исечкајте ги кромидот или лукот (или згмечете го). Во тавче загрејте масло, ставете го кромидот и пржете го додека стане стаклест. Додајте мелено месо и пржете додека ја промени бојата. Додајте лук, црвен пипер, мешан зачин, бибер и сол, па пропржете кратко.

Во тенџерче растопете путер, додајте брашно и мешајте додека добие светла крем боја. Постепено додавајте млеко и мешајте додека добиете хомогена смеса. На крај, изматете јајца и додајте ги во сосот.

Во подмачкан плех наредете слој компири, врз тоа слој месо, па повторно компири. Повторувајте го ова додека се потрошат сите состојки, а завршете со слој компири. Прелејте со сос бешамел.

Печете во претходно загреана рерна на 180 степени околу 45 минути додека површината добие златнокафена боја.

Извадете ја муската, посипете ја со сечкан магдонос и оставете ја да се олади малку пред да ја послужите.

ФОТО: Freepik