Пејачката и нејзината сестра блеснаа во идентични модни детали на плажа
Пејачката Анабела Атијас предизвика лавина реакции на социјалните мрежи откако објави фотографија со својата сестра Аида, на која нивната сличност е навистина фасцинантна. Двете позираа на плажа со исти очила за сонце и идентични шешири, оставајќи впечаток како да се близначки.
Фановите веднаш забележаа дека нивните црти на лицето се речиси идентични.
Поврзани објави
Анабела потекнува од голема фамилија и по разводот на своите родители, татко ѝ Ахмед повторно се оженил и ја добил Аида. Иако одраснале во различни околности, сестрите секогаш негуваат блискост и меѓусебна поддршка. Аида, инаку позната актерка во Босна и Херцеговина, зад себе има бројни претстави, но вистинска популарност стекнала со улогата во серијата „Секс и село“, а подоцна и со главната улога во филмот „Хиљадарка“.
Освен Аида, Анабела е блиска и со сестрата по мајка – Романела. Често знае да истакне дека токму тие семејни врски се нејзино најголемо богатство и најсилна поддршка.
printskrin Youtube – blic anabela