Полскиот претседател Карол Навроцки изјави дека неодамна им ја претставил на американските и европските лидери категоричната позиција на Варшава во врска со недовербата кон Владимир Путин, објавија полските медиуми.
Говорејќи на церемонијата на именување на неговите советници, Навроцки напомена дека во блиското минато двапати разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп, како и со европските челници, презентирајќи го јасниот став на Полска за недовербата кон Владимир Путин и Руската Федерација во целост.
Американскиот претседател Доналд Трамп беше домаќин на украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските лидери во Белата куќа. Полските претставници не беа поканети на тој состанок.
Навроцки изјави дека ќе дискутира за мирот и безбедноста во Украина за време на средбата со Трамп, која ќе се одржи на 3 септември.
Тој додаде дека украинскиот претседател Володимир Зеленски ги поканил европските лидери на разговорите во Вашингтон. “-Претседателот Зеленски ги покани овие европски лидери кои денеска се во Вашингтон.”
“А претседателот на Полска е единствениот европски шеф на држава кој веќе има закажано средба со претседателот Доналд Трамп во блиска иднина”, истакна Навроцки.
Полскиот шеф на државата исто така додаде дека е во комуникација со полскиот премиер Доналд Туск и владата.
“-За прашањата поврзани со безбедноста на Полска и меѓународната ситуација, нема ниту место ниту време за одредени политички емоции, туку само за интересите на полската држава”, рече тој, додавајќи дека владата е таа што ја претставува Полска во таканаречената Коалиција на подготвените.
мс/фото: ЕПА архива.
Извор: МИА