Почетна Убавина и здравјеПсихолозите сметаат дека тоа им е маана! – Убавина и здравје

Психолозите сметаат дека тоа им е маана! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Истражувањата покажуваат дека лицата со повисока интелигенција честопати претпочитаат да се осамуваат отколку да се дружат, па стереотипот „осамен гениј“ може да има основа

Иако повеќето научници истакнуваат дека луѓето се посреќни кога имаат многу пријатели и квалитетен социјален живот, некои истражувања сугерираат поинаку. Се покажало дека луѓето со повисок коефициент на интелигенција повеќе сакаат да поминуваат време сами, бидејќи уживаат во сопственото друштво.

Стереотип „осамен гениј“

Стереотипот дека „осамениот лудак“, всушност, е гениј, можеби има основа. Истражувањето на Лондонската школа за економија и Сингапурскиот универзитет, кое опфатило 15.000 испитаници, открило интересен податок: интелигентните луѓе честопати одбираат самотија наместо дружење.


Поврзани објави

Самотијата како знак на интелигенција

Истражувањата покажуваат дека овие луѓе претпочитаат да поминуваат време сами, наместо во друштво со пријатели. Дури и кога се во друштво, честопати едвај чекаат другите да си одат, за што истражувачите знаат да се пошегуваат:

„Доколку некој едвај чека да си одите, тоа значи дека е интелигентен.“

ФОТО: Lucrezia Carnelos / Unsplash