Питер Кук е американски архитект познат по бракот со Кристи Бринкли, поранешна моделка со која има ќерка Сејлор, која е една година постара од неговата сегашна сопруга
За малку ќе дошло до скандал, кога на промоцијата на книгата Кристи Бринкли се појавил нејзиниот поранешен сопруг Питер Кук, и тоа со младата сопруга Алба. Архитектот пукал од гордост додека ги покажувал своите блескаво бели заби и новата, 40 години помлада сопруга, која покрај него изгледала како девојче.
Поранешните сопружници се држеле на безбедно растојание еден од друг, додека Кристи ја промовирала својата книга во која до детали го опишала моментот кога Питер ја изневерил во бракот.
Во споменатата книга, Кристи нагласила дека Питер го привлекуваат значително помлади девојки, па така навела дека ја изневерил со тинејџерка, за подоцна да излезе дека била во право, бидејќи по разводот ја заменил со 18-годишна девојка.
Сега Питер е во брак со 40 години помлада жена, која е дури една година помлада од неговата ќерка.
Јавноста се згрозила од однесувањето на Питер Кук и неговото јавно парадирање со значително помладата сопругата, што придонело за тоа да се наруши неговиот углед. Додека бил во брак со Кристи Бринкли, тој уживал добра репутација во јавноста, но сега сè се сменило, а тој не бил подготвен за тоа.
Која е младата сопруга на Питер Кук и со што се занимава?
Поврзани објави
Алба Жанку моментално работи како агентка за недвижнини. Завршила студии по медиуми, бизнис и психологија на ниво А во школата Милфилд во Англија. Подоцна, завршила основни студии по психологија во школа на Менхетен. По завршувањето на студиите, станала лиценциран агент за недвижнини, специјализиран за недвижнини во Хемптонс, каде што се занимавала со продажба и изнајмување. Ќерка е на сопствениците на уметничка галерија во Њујорк, Тања Бонакдар и Марк Жанку.
Како се вљубиле Питер и Алба?
Во 2018 година, Питер повторно пронашол љубов со Алба Жанку, тогаш тинејџерка студентка, која ја запознал во њујоршки ресторан.
„Не можам да опишам колку ми го промени животот, Питер. Среќата што ми ја донесе е неповторлива. Знам дека нашата врска може да се чини неконвенционална, но не ми е гајле. Ти навистина си мојата сродна душа, мојот најдобар пријател и мојата втора половина“, напишала Алба на социјалните мрежи, споделувајќи ја веста за нивната свршувачка.
Се шпекулира дека Алба имала 18 години кога ја запознал Питер и кога започнале врска.
ФОТО: Инстаграм