Многу луѓе не обрнуваат внимание на тоа како ги поставуваат чашите по миењето, но постои добра причина зошто експертите советуваат никогаш да не ги превртувате наопаку.
Од научна страна, објаснувањето за ова е: „Работ на чашата е најкршливиот дел. Кога ќе ја ставите наопаку, таа ја носи тежината на целата чаша“.
Соодветно на тоа, веројатноста за кршење на чашата може да се зголеми со текот на времето. Оваа теза ја потврди Ки Вагнер за The Sun.
„Некои чаши за пиење имаат многу деликатен раб кој не е дизајниран да ја издржи целата тежина на чашата. Ако е тоа случај, не ги ставајте чашите наопаку, бидејќи тоа ќе доведе до прекумерен притисок врз работ и на крајот чашите може да се скршат“, рече таа.
Сепак, експертите се свесни дека овој метод на отстранување на чашите по миењето се користи за да се спречи наталожување прашина во чашите.