Овој супер едноставен десерт се приготвува со само 3 состојки и нема да морате да вклучувате рерна
Состојки:
- 8 колачиња „орео“
- 450 мл слатка павлака
- 100 г чоколадо
Приготвување:
1. Здробете ги колачињата „орео“ и тргнете ги на страна.
Поврзани објави
2. Во чинија изматете 350 мл слатка павлака, па во друг сад исечкајте 100 г чоколадо за готвење. Прелејте го со 1 дцл загреана слатка павлака и мешајте додека се стопи чоколадото.
3. Преполовете ја слатката павлака, па едната половина додајте ја во смесата со чоколадо и изматете.
4. Послужете го десертот во чаша по овој редослед: колаче „орео“, смеса од чоколадо, шлаг, колаче „орео“, смеса од чоколадо, шлаг, а потоа посипете уште малку здробени колачиња одозгора.
Добар апетит!