Почетна Убавина и здравје„Го носам ова во себе со години, никогаш не сум го кажала на глас“ – Убавина и здравје

„Го носам ова во себе со години, никогаш не сум го кажала на глас“ – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Манекенката Данијела Димитровска најде сила да сними емотивно видео во кое се отвори за своите лични борби, несигурности и прашања што ги носи во себе со години. Таа плачеше за време на снимањето, а сè сподели на социјалните мрежи.

Таа истакна дека, иако многу луѓе мислат дека е самоуверена во себе, таа носи и сомнежи и несигурности, и дека долго време работи на личен развој со стручна помош.

– Ова видео е тука за да ве потсети дека не сте сами. Јас, како некој што е навидум „сигурен во себе“, носам со себе сомнежи, прашања, несигурности… и учам да ги прифаќам без каење. Долго време работам на себе. Со себе. И со некој што ме води професионално низ тој процес. И ова е мојот начин да кажам: Се прифаќам себеси. Секој пораз го доживеав како личен неуспех. Секоја грешка како доказ дека не бев доволно добра. И предолго го носев тоа прашање со себе: Дали сум добра мајка? Добра ќерка? Добар партнер, пријател? Во моментите кога најмногу ми требаше разбирање, бев најстрога кон себе. Учам да бидам доволна за себе. И ако некогаш се прашувате дали сте доволно добри, веќе покажувате дека ви е грижа. И тоа е сила, а не слабост. Ви благодарам што сте тука. За тоа што ми дадовте простор да бидам и силна и ранлива. Сакам ова видео да биде посебно за вас, за мене, за сите нас кои сè уште учиме да се сакаме себеси без „но“ – додаде таа.

 


Поврзани објави

За потсетување, Данијела неодамна имаше здравствени проблеми додека беше на одмор на плажа во Црна Гора. Таа доби сончаница и не можеше да стане од кревет два дена.

Во објава на Инстаграм, таа ги повика сите да се држат подалеку од сонце и нагласи дека проблемите можат да се појават дури и кога не се седите директно на сонце.

 

Фото: Инстаграм Принтскрин