Почетна Убавина и здравјеШто се случува тука? – Убавина и здравје

Што се случува тука? – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Крис Џенер објавила фотографија од роденденот на својата мајка, но најголемо внимание привлекле нејзините ножни прсти

Телевизиската ѕвезда Крис Џенер привлекла внимание со новата фотографија што ја објавила на социјалните мрежи.

Фотографијата настанала на прославата на 91. роденден на нејзината мајка.

На забавата Крис пристигнала во елегантен фустан на брендот Оскар де ла Рента, кој го искомбинирала со џемпер со истиот дезен, златна чанта и сандали со отворени прсти. Токму тие сандали го откриле нејзиниот пропуст во Фотошоп, поради што обожавателите ја исмејуваат.

„Имаш шест прсти?“, „Дали таа има шест прсти на нозете или јас си замислувам?“, „Зошто има шест ножни прсти?“, забележале некои.


Поврзани објави

Други го коментирале нејзиниот младешки изглед.

„Дали мене ми се чини или изгледа многу помладо?“, „Многу се плаши од стареењето“, „Изгледа како да има 40 години, како да старее наназад“, гласеле некои од коментарите.

Крис не е единствената во семејството што ја критикуваат поради обработувањето на фотографиите и грешките во Фотошоп. Ким Кардашијан и Кајли Џенер беа на удар на критики во 2019 година поради кампањата за парфемот KKW Fragrance. Сестрите промовираа нов парфем во пастелни трикоа и проѕирни потпетици со отворени прсти.

Тогаш, Ким и Кајли беа обвинети дека имаат по шест прсти на нозете на фотографиите. Но претставничката на Ким ги одбрани велејќи дека не станува збор за грешка во обработката на фотографиите, туку дека тоа се должи на аголот од кој биле фотографирани стапалата.

Кардашијанките ги критикуваа и во 2021 година, кога Ким, наводно, го „залепила“ лицето на својата внука Тру Томпсон на телото на другата внука Сторми Вебстер, на фотографија направена во Дизниленд. Една година подоцна беше обвинета дека го изменила изгледот на своите нозе на фотографија со која го промовираше бикинито на својот бренд Скимс. Ја избриша фотографијата по критиките.

Па така, се стекнува впечаток дека ниту една фотографија од кланот Кардашијан/Џенер не може да помине без да биде претходно средена во Фотошоп.