Го шокираше регионот кога објави дека поради сериозни здравствени проблеми не може да стане од кревет!
Пејачката Тања Савиќ искрено откри дека поради сериозни здравствени проблеми мораше да ги откаже сите настапи. Таа изјави дека ѝ е многу тешко што не може да се сретне со своите обожаватели и дека нејзиното тело „целосно откажало“.
Таа вели дека долго време настапувала дури и кога се чувствувала лошо, со температура и умор, но овојпат не можела да излезе на сцена. Тања ги замолила фановите за разбирање и истакнала дека наскоро ќе се врати, посилна од кога било.
Во својата емотивна порака, таа подвлече дека публиката ѝ е главна мотивација, а дека ја боли кога во јавноста се создаваат погрешни слики за нејзината состојба. Пејачката истакна дека секогаш дава сè од себе и дека следниот концерт ќе биде уште попосебен.
Поврзани објави
Савиќ заклучи дека љубовта и поддршката од нејзините обожаватели ѝ даваат сила да се бори со болеста и да се врати подобра и посреќна.
Да можев, ќе пеев и со последна капка сила… но овојпат не можев,“ – порача таа, завиена во ќебе, директно од кревет.
printskrin Youtube – t savic pink