Почетна ЕкономијаМицкоски: Мерки за училишната кошничка и анализи за цените во маркетите

Мицкоски: Мерки за училишната кошничка и анализи за цените во маркетите

од nenad
1 минути читај за

Премиерот Христијан Мицкоски најавува активности во врска со училишната исхрана. Тој, исто така, изјави дека се разгледуваат повеќе идеи за цените во продавниците, како и правните начини да се казнат оние компании кои значително ги покачиле цените во минатиот период.

Во неговата денешна изјава за медиумите, дадена по започнувањето на градежните работи на спортската сала во Воената академија во Скопје, Мицкоски рече дека се спроведува истражување за да се утврди за колку е зголемено сето она што беше предмет на ограничување со мерките.

“Ги следиме цените во овие два месеца откако завршија мерките и правиме анализа на се она што беше ограничено за да видиме за колку наеднаш одредени правни субјекти ги зголемиле цените.”

Тој додаде: “Ќе излеземе пред нив со детална анализа за да им укажеме дека таков тип на однесување не само што нема да толерираме, туку и ќе ги искористиме сите законски можности што ни стојат на располагање.”

Мицкоски повтори дека се анализираат неколку пристапи кои покажале успех во одредени ситуации, а главната цел е овој пат да се има комплетен план за стабилизирање на цените.

Според Државниот завод за статистика, цените на мало во јуни покажале годишен пораст од 3,7 проценти, додека инфлацијата е зголемена за 4,5 проценти.