Почетна ЕкономијаВМРО-ДПМНЕ: Нови авиолинии, нови патишта – државата поповрзана и подостапна за туристите

ВМРО-ДПМНЕ: Нови авиолинии, нови патишта – државата поповрзана и подостапна за туристите

од nenad
2 минути читај за

Македонија влегува во нова фаза на инфраструктурна преобразба, со проекти, нови сообраќајници и нови воздушни линии кои ќе ја унапредат меѓународната поврзаност на државата.

“Новите патишта, модернизираните автопати и зголемениот број на авиолиниите значително ќе дадат придонес во регионалната интеграција и економскиот раст на земјата,” се наведува во изјавата од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА ја објавува во целост.

Во минатиот период беа воведени сосема нови 16 воздушни линии од аеродромите во Скопје и Охрид. “Се воведоа пет нови авиолинии до скопскиот аеродром, Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага.” Претходно беа воспоставени уште 11 нови воздушни линии од Скопје и Охрид кон Барселона, Лион, Париз, Женева, Истанбул, Амстердам, Дубаи, Штутгарт, Ларнака и Базел. Како и нов чартер лет од Германија со кој “најмалку 200 туристи секојдневно ќе ја посетуваат Македонија.”

Растот на бројот на патници е забележлив веќе во првата половина од оваа година, каде што вкупно на двата македонски аеродроми се пренесени 1,5 милиони патници, што претставува зголемување од 5% на скопскиот аеродром и 11% на охридскиот аеродром.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира и во изградба и реновирање на клучни патни делници. “Се пушти во употреба дел од автопатот Кичево-Охрид, делница Пресека-Песочани. Тоа е 6 та делица која што е пуштена во употреба.” Претходно беа отворени за сообраќај делниците Градско-Фариш, Фариш-Дреново, Страцин-Крива Паланка, Гевгелија-Валандово и Охрид-Свети Наум.

Исто така, “се пушти во употреба дел од експресниот пат Градско-Прилеп, на потегот Градско- Дреново, вреден 37,4 милиони евра.” Експресниот пат Дреново- Фариш, кој значително го скратува патувањето и го зголемува квалитетот на безбедноста во сообраќајот. Експресниот пат Ранковце-Крива Паланка (потег Страцин), во должина од 26 километри и вредност од речиси 98 милиони евра. “Целосно се реконструира регионалниот пат Охрид-Свети Наум, во должина од 25 километри, вреден 12 милиони евра.”

Со посветеност и тимска работа, владата на ВМРО-ДПМНЕ реализира проекти со цел поврзување на Македонија со регионот и подобрување на животниот стандард на граѓаните. “Ги градиме темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија.”