Во Основниот суд во Струга, денеска веќе трет пат е одложено судењето на тројцата лекари од струшката болница, кои во ланската 2020 година, при породувањето со царски рез на девојката од Дебар, Јалдиз Вeaпосki, и ги извадиле матката, јајникот и бубрегот. На обвинителната клупа се наоѓаат директорот на струшката болница и гинеколог, д-р Мухамед Асани, неговиот син д-р Блертон Асани и уште една лекарка гинеколог од истата болница, со обвинение дека при укажување на лекарска помош примениле очигледно неподобно средство и начин на лекување врз пациентката со што предизвикале влошување на нејзината здравствена состојба. На денешното рочиште била очекувана да сведочи медицинската сестра, која била присутна во болницата во Струга, кога Вeaпоска се лекувала, но расправата беше одложена.
The trial against the doctors from Struga, Jaldz Veapovska, has been postponed, leaving her feeling extremely frustrated and deprived of justice.
78