Дали имате пар среќни обетки што ги носите на секој прв состанок? Дали потенцијалниот партнер го барате 3 дена после состанокот? Дали на венчавката ќе носите нешто старо, синo и позајмено? Ако одговоривте потврдно барем на едно прашање, вие сте суеверни кога е љубовта во прашање. Но, зошто да не?
Доколку суеверијата не ги сфаќате премногу сериозно, тие може да ви помогнат малку да се опуштите и да се чувствувате посигурни во овој луд свет. Докторката Џенет Пејџ, авторка на книгата „Омажете се оваа година- имате 365 денови за тоа“, вели за суеверието:
– Тоа е илузија дека имате контрола над судбината. Дури и ако се свесни дека не го контролираат случувањето, луѓето не се одрекуваат од љубовните ритуали.
Еве кои суеверија најчесто се сретнуваат кога станува збор за љубовта:
Фрлање парички во бунар за да ви се исполнат желбите
И во минатото жените фрлале парички застанати над бинар, и најчесто посакувале маж и деца.
Текстот продолжува на втората страна