Млада авторка открива како ѝ ги продавала песните на Марина Туцаковиќ, која потоа ги потпишувала како свои.
Години наназад кружат шпекулации дека легендарната текстописка Марина Туцаковиќ купувала текстови од млади и непознати автори за симболични суми, а потоа ги препродавала за баснословни пари – потпишувајќи се како автор. Сега, една млада девојка која со години соработувала со Туцаковиќ, јавно ја потврди приказната.
Првиот пат кога се сретнав со неа, донесов пет текстови, очекував максимум 200 евра за еден. Ми понуди 3.400 евра за сите четири. Бев во шок,“ вели авторката која, како што самата признава, поради таа поддршка не се откажала од пишувањето.
Таа открива дека Туцаковиќ отворено ѝ кажала:
Поврзани објави
Пејачите не сакаат непознати имиња под текстот, сакаат мое. Ако сакаш – ќе ги купам, ќе видиме со време како ќе соработуваме понатаму...“
Во текот на три и пол години, колку што траела нивната соработка, Марина редовно ѝ плаќала за текстовите, од 500 до 800 евра. Некои од тие песни ги отпеале најголемите ѕвезди на балканската естрада – Ана Николиќ, Цеца Ражнатовиќ, Аца Лукас, Сека Алексиќ, Северина…
Слушнав дека тие пејачи плаќале од 2.500 до 3.500 евра за песна. Но никој од нив не би ја купил од мене. Не жалам – благодарна сум. Марина беше моја шанса, учител, и човек со огромно срце. Жалам само што повеќе ја нема,“ завршува авторката со својата искрена исповед.
printskrin Youtube-k1 televizija marina tucakovic