Почетна ЕкономијаМицкоски: Економијата бележи гигантски чекори – раст на БДП од 4 до 6 отсто во вториот квартал и историско зголемување на индустриското производство

Мицкоски: Економијата бележи гигантски чекори – раст на БДП од 4 до 6 отсто во вториот квартал и историско зголемување на индустриското производство

од nenad
2 минути читај за

Остваруваме огромни прогреси во економијата. Во текот на мај, забележуваме рекорден пораст на индустриската продукција од 9,4 проценти. Исто така, имаме зголемен извоз на аграрни производи за 57 отсто во првите пет месеци од оваа година во однос на истиот период лани, како и 22 отсто повеќе туристи во првиот квартал, во споредба со истиот период минатата година.

“Кога кажавме дека БДП на реална основа во првиот квартал пораснал за 3,2 отсто споредено со истиот период минатата година и дека тоа е четврти резултат во Европа, веднаш зад Ирска, Данска и Полска, многумина не исмејуваа.”

Но, сега можам да изјавам дека во вториот квартал ќе имаме уште подобар резултат, имајќи ги предвид овие индикатори, дека ќе се движиме меѓу 4 и 6 отсто што е огромен прогрес, зашто првичните показатели од првите два месеца во вториот квартал, април и мај, се импозантни, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Како што изјави Мицкоски во своето обраќање на поставувањето камен-темелник на Ветерниот парк Штип, и останатите параметри се исто така значајни – градежништвото, бројот на издадени одобренија, вредноста на објектите кои се мерат во 20, 30, 40, 50 и 60 проценти повеќе во споредба со истиот период лани.

“Ова го зборувам со една цел – дека не може да има силна економија ако на одреден начин не сте ја повратиле довербата во инвеститорите, а довербата се враќа на два начина: првиот е дисциплина во работењето и чесност, а второто – битка со криминал и корупција и владеење на правото,” рече Мицкоски.

Тој исто така информираше дека утрово ја прочитал веста според која Канцеларијата за туризам на ОН ја вметнала Македонија како осма дестинација за туризам во светот, со раст на туристи од 22 процента во првиот квартал оваа година споредено со првиот квартал лани.

Тоа, потенцираше премиерот, е огромен исчекор напред, 22 отсто повеќе туристи.

“Силно сме посветени на економијата зашто силно веруваме дека имаме огромен потенцијал кој може да не одведе со големи исчекори напред и тоа го правиме и такви се првичните показатели годинава, за разлика од назадувањето изминатите седум години.”

Во првиот квартал, првите пет месеци, првата половина од годината, напредуваме со огромни исчекори напред, истакна Мицкоски.
мч/лв/ фото: МИА .
Извор: МИА