Почетна МакедонијаПретседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, денеска во Охрид ќе биде домаќинка на претседателот на Албанија, Бајрам Бегај

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, денеска во Охрид ќе биде домаќинка на претседателот на Албанија, Бајрам Бегај

од nenad
1 минути читај за

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова денеска во Охрид ќе биде домаќинка на претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, кој ќе престојува во работна посета на Македонија.

Албанскиот претседател ќе биде пречекан во вила „Билјана“ во Охрид, кадешто е предвидена средба и работен ручек со претседателката Сиљановска Давкова. Во попладневните часови тие ќе посетат културно-историски знаменитости, а вечерта ќе присуствуваат на отворањето на фестивалот „Охридско лето“.

Сиљановска-Давкова ќе се обрати и ќе го прогласи за отворено 65. издание на Меѓународниот фестивал „Охридско лето“, којшто традиционално се одржува под покровителство на претседателот на државата.

За време на посетата, претседателот Бегај ќе биде придружуван од неговата сопруга Арманда Бегај.


Post Views: 26