ЈП Водовод и канализација известува дека на 09.03.2023 година (Четврток) ќе има прекин на водоснабдувањето во следните домаќинства:
– Заради технички проблем со затворачот ф-600 мм во пумпната станица Гази Баба, е можно да дојде до прекин на водоснабдувањето во следните населби: Чаир, Топанско Поле, Скопје Север, Бутел 2 и високата зона во Железара и Автокоманда. Работите ќе започнат во 09:00 часот и ќе завршат откако работните активности ќе бидат завршени. (Град Скопје)
– Заради замената на затворачот (шибер) Ф80мм. на Бул. Асном 12, дел од корисниците на Бул. Асном од број 4 до број 20 ќе бидат без вода. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на дефектот. (општина Аеродром)
– Затоа што старата водоводна цевка ф5/4“ на улица 11-ти Октомври бб. (плоштадот) е стопирана. Сити Галери ќе остане без вода. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување на дефектот. (општина Центар)
