Почетна Убавина и здравјеРазгалете ги вашите стапала со хидратантна нега за летен комфор

Разгалете ги вашите стапала со хидратантна нега за летен комфор

од nenad
2 минути читај за

Во летните месеци, кога голем дел од времето го поминувате боси, во влечки или сандали, особено е важно кожата на вашите стапала да биде здрава, фина и негувана. Да се пронајдат вистинските производи за нега понекогаш може да биде предизвик, но благодарение на широката понуда на dm drogerie markt оваа задача е многу, многу полесна.
Првиот чекор за заштита на кожата и за одржување на негувани стапала е редовната хигиена, која се постигнува едноставно со миење и сушење на стапалата. Производите достапни во dm drogerie markt нудат одлична заштита од оштетување, сушење и пукање на кожата. Така на пример, течната купка за стапала од Balea ќе ѝ пружи на кожата длабинска хидратација, а благодарение на парфимираните својства, ќе ги отстрани непријатните миризби од стапалата и обувките.

За кожата на стапалата да остане здрава, еластична и витална, потребно е да ѝ се посвети соодветно внимание и редовно да се третира. Кратките, но секојдневни масажи прават чуда за стапалата и помагаат да се регенерира заморот собран во стапалата, да се подобри циркулацијата во нив и да се активира горниот слој на кожа. Масажата е попријатна кога кожата е добро навлажнета, па затоа не треба да постои дилема дали да се употреби Balea крема за нега на нозе со шеа путер и масло од кокос пред да започне масажата. Таа ќе го навлажни горниот слој кожа, но и ќе му помогне да остане заштитен од лесни надворешни влијанија.

А, што правиме со сувата кожа на стапалата која е лесно забележлива и неверојатно иритантна? Колекцијата на Balea има решение и за овој проблем: Balea маската за стапала пружа интензивна хидратација, лесно се нанесува и ги остава стапалата мазни, меки и убави на изглед. По третманот, доволно е да се обрне внимание само на петиците – со каменче или турпија, и да се намачкаат со Balea кремата со уреа.
И дури сега, летните одмори можат да започнат!