22
Денеска остварив средба со Антонела Басани, потпретседателка за Европа и Централна Азија, Сјаочинг Ју, директорка за регионот и Масимилијано Паолучи, директор за земјата, кои се претставници на Светска банка. Средбата беше можност за дискусија на заедничките приоритети, тековните проекти и идните насоки на соработка со Светска банка, со посебен фокус на развојот, економскиот раст и поддршката за реформскиот процес.