Анастасија Ражнатовиќ и нејзината золва Вања Гудељ ја воодушевија публиката со провокативен изглед…
Анастасија Ражнатовиќ и нејзината золва Вања Гудељ, споделија фотографии на кои се облечени провокативно и во усогласени црни стајлинзи. Двете често се дружат и оваа вечер ја искористија за стилско појавување.
Вања носеше маица украсена со кристали, додека Анастасија се појави во тесен корсет кој совршено ѝ прилега на виткото тело. За комплетен моден впечаток, двете имаа и очила за сонце, а скапиот накит го надополни нивниот изглед.
Анастасија со својот сопруг, фудбалерот Немања Гудељ, веќе подолго време живее во луксузна вила со базен во Севиља. Покрај вилата во Шпанија, Немања поседува и луксузна куќа во Требиње, каде неодамна престојуваше заедно со Анастасија.
printskrin Youtube-Anastasija Raznatovic